жив (прид.) - кал (имн.)

Жива кал држиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова е тешка и смрдлива, жива кал. Уф! Подај ми рака!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Признавам, по малку се плашев да не загазам на некое место со „жива кал“ што ќе ме проголта додека да трепнам, ама, си реков: морам да бидам храбар и подготвен на сè.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)