Патувајќи претходно од едно на друго место, преку збор и разговор, тој со жив збор ја ширеше вистината што ја спозна преку она што му се случи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас е јазик
јаз'к да ми е ако не кажам
што гледам што слушам
ако не кажам што правам
што направиле од мене
што насетувам што насетиле
и без мене и по мене
за да има сеќавање јазикот
ако не кажам
кој се огрешил
во име на народот, во име на Бога
со предумисла со завист
од зловолја во злодоба
кој понижувал, истребувал, казнувал
жива сода прскал со жив збор
во очите на бедните и блудните
крстените и недоречените
слобода кој презирал не давал одземал
кој се повлекувал предоцна и без крепост
кој се тешел, кој се правдал
ако зло правел
- зло не кажал
јавно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Доаѓаше стариот пријател на семејството да ни каже со жив збор што сè се случило со нашите блиски, со земјата, откако ние станавме емигранти.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зад таа затворена врата останаа во мене живи зборовите на мојата баба* од османско, турско, балканско потекло: А kapi! Отвори ја вратата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Вистина е - вели Лешиќ - дека книжевното дело се разликува од живиот збор.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Како ли поинаку освен со жив збор да ја искажеме и да ја изразиме нашата топла, нежна, срдечна и долговечна благодарност?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
3
Долготрајна смрт.
Принеси курбан
противотров
жив збор дај ни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ним не им се заканува опасност да поверуваат во сопственото својство на маси: исклучени од субјективноста и живиот збор, тие никогаш не поминале низ стадиумот на политичко огледало.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)