жив (прид.) - живот (имн.)

Ја свршивте ли оваа работа, јас ќе ви дадам од моите чифлизи по еден, а кога ќе ги покориме тие сурови планинци, ќе ве направам нивни бегови до жив животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Она што му се спротивставува, она што треба да биде совладеано најчесто само го потсилува неговото значење, ја искажува бурната дијалектика на превозмогнувањето што е неодлачен дел од живиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вежбајте сè додека не ви стане јасно дека не само што оваа теза е можна, туку дека таа од практиката, од живиот живот, ја отсликува полната и непобитна вистина.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)