жив (прид.) - душа (имн.)

Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погледна горедолу, лево десно, нигде жива душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Застанаа. Слегоа од џипот. - Се чини дека во селото нема жива душа... - рече новинарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во близината немаше жива душа за да прашаат за патот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никаде наоколу немаше ни жива душа, не се помрднуваше ниту еден лист, не се слушаше ни глас на птица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше да се види жива душа надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја изминаа масата, се приближија кон шаторот, заодија натаму па зад шаторот и од другата страна одоколу додека не се најдоа пак кај масата. Ни жива душа не најдоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одеа молкум, загледани во себе и пред себе, во земјата која како единствено да жалеше зашто тој ден не ги почувствува табаните и живата душа на Сане Сандин, не му ги сети нозете кои како да не беа од крв и месо сочинети, туку од грутки печена црвеница, како од корки сува јеловица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Градот и чаршијата биле затворени. По улиците никаде жива душа, освен војска.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека ќе сретнам некој, ама нема џан-џин, што се вели, жива душа нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај Англичаните нема жива душа: и тие го фатиле патот под нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жив глас, жива душа носиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АНГЕЛЕ: Гледам кафеана. Влегов. Нема жива душа. Прашувам има ли овде луѓе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Жива душа нема по улици. Само ќопави кучиња. Сите на свеќи се молат да биде добро.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога сум стигнал до предградието, пред огромната замрачена зграда, ме преплашила тишината оти ни жива душа надвор... на сите куќи прозорците се темни... во фабриката тика так тика так...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше во право. Не само што немаше редица пред шаторот на дивјакот, туку и немаше жива душа во целиот циркус.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сега му се сторија уште потивки и поосамени: фенерите почнаа да се појавуваат поретко – очигледно, тука веќе не се давало толку масло; се појавија дрвени куќи, тараби; никаде жива душа; светкаше само снегот по улиците и тажно се црнееја заспаните ниски куќарки со навлечени капаци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А никаде жива душа нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)