жив (прид.) - говор (имн.)

Татковите книги со распоред кој беше жив говор на вистината и книгите на Климент Камилски, како среќни балканвавилонски сведоштва, остануваа како најсилен монумент на времето, како институција помоќна од сите институции со кои владееја со судбината на луѓето изминатите и сегашните режими.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во основа секоја литературна креација се потпира врз јазикот но во голем дел и врз секојдневната јазична практика, врз живиот говор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чинго се потпира, во основната јазична структуираност на својата проза, повеќе врз живиот говор, помалку врз фолклорот и неговите идиоми.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко со восхит ги гледаше книгите на својот пријател и го следеше неговиот жив говор, кој како да им се придружуваше на тие од наредените книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Афективните и евокативните квалитети на изразот се активни и во јазикот на книжевното дело исто онолку колку и во живиот говор.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)