жив (прид.) - ги (зам.)

Сум чула на ваква глад некогаш живи ги закопувале децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас, Лука Јас, Лука, монах од Вапа, запишав: Пред мене, најстар меѓу монасите, пред легнување застануваа сите монаси и не толку да ми бакнат рака колку да видам кој до кое господово скалило дотерал, убаво распознавав кој најбрзо при Господа ќе стигне и саноќ буден јас своите соништа на оној му ги дарував на кој светлината на првата ѕвезда веќе го допрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некои ги давеле, некои живи ги закопувале децата. На некои им било жал. Секакви мајки има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разбраа дека поп Јакова и Трајка живи ги спалил кадијата на Атпазар во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви сејмени, ја запалија со сите исклани селани во неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие нивните бунтовници живи ги печат на големи огнови насред пазариште.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред мене сите монаси застануваа зашто на земјата мртвите меѓу живите ги баравме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)