жив (прид.) - нема (гл.)

— Јас вела да го ватиме Соколот, Лаките горе, па ако дојде некој зорт да преврлиме Караџова — предложи Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сме живи нема да те заборавиме — заврши Толе и се прости со Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека сум жив нема да дозволам да гладувате ти и децата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оној шерет Арсен може пак да ми измрда со лозјето. (Вика.) Параскево, Параскево!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Никој жив нема! Тоа ли е ред! Сите се успале!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— За живите нема место, велам, но за гробови уште има.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- ја замолив, а себеси си реков: „Ех мој Ведане, да може од некоја страна да те види Абраш, како се пазариш со мајка ти, за жив нема веќе да те смета, а не за водач на банда.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имаше стотици работници на градилиштето, можеби и илјадници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дека на никој жив нема да му кажеш на што ќе работиш и како ќе работиш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)