жесток (прид.) - и (сврз.)

Нападот на владините баталјони, со поддршка на авиони и артилерија - жесток и крвав, во четата направи пустош.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Џемал-ага е човек практичен. Жесток и безобѕирен кон слабите, со силните е чудно снаодлив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жестоко и тешко чувство се надигнува и му ја труе душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се заврза жесток и нерамен бој со добро вооружениот противник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
КоБрА, велеше Алешински, „е уметничка форма која ги води директно во детството... со значења употребливи за возрасните”. 50-те години фројдовата психоанализа влезе во главните струи на популарната култура и беше нашироко земана како доказ дека, не само што детството продолжува да влијае во возрасното доба, туку тоа суштински го создава и обликува истото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едноставно, жестоките и живи емоции на несвесниот детски ум беше тоа што неодоливо ги привлече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)