жесток (прид.) - напад (имн.)

На 14 август повторно ќе го извести Force 399 дека “офанзивата против оваа област, која започна пред десет дена, на деветти се разви во жесток напад на зоната за спуштање.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неда со своето семејство, откако се врати од воената зона во Сараево, од ден на ден ја стекнуваше довербата на Ружа, пред сѐ преку молчеливоста за време на жестоките напади врз Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Винстон се изви странично и со жесток напад успеа да го забоде рамото меѓу нив двајцата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, премлада за мене, премладо девојче, се воздржува К*, ама како само умее да си го истакне потребното, често го прави тоа, ја посакува потајно К* сосетката, ја посакува овојпат поумерено, откако дојде малку на себеси по жестокиот напад на сексуалниот нагон.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Обериутите” подоцна настапувале уште неколку пати, но по жестокиот напад врз нив во листот „Смена” групата престанува да постои, па така не ни излегува планираниот алманах „Архимедовата када” („Ванна Архимеда”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)