женствен (прид.) - маскарада (имн.)

Еднакво лесно може да се сосредоточат на богати, отмени, гламурозни или некогаш гламурозни жени кои се хистерични, екстравагантни, очајни, смешни, страсни, безобразни, унижени, на праг од нервен слом или едноставно не се способни успешно да истераат некаква висококвалитетна женствена маскарада, кои не успеваат да додржат на достоинството што е потребно за да ги сфаќаат барем малку сериозно како жени. ‌Записов се чита како опис на дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивната глума е некој вид признание – многу слично на дрег-кралицине што се прават Милдред Пирс пред огледало (според формулата на Итан Морден), терани во бескраен копнеж и очај од самата моќ и од самото совршенство на женската женствена маскарада.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од таа причина, прикажувањата на женската абјектност не покажуваат секогаш – а и нема потреба да покажуваат – скромни жени, жени со понизок статус, осиромашени, болни, бедни и изнамачени жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)