Но, тој заклучок е погрешен. Ѝ ја одрекува на Крафорд прочуената и силна женствена гламурозност, која, мора да се признае, се потпира врз едно стратешко мешање на машки и на женски особини, а со тоа таквиот заклучок одбива да го признае она што сме научиле да го викаме „женска мажественост“, многуте видови мажественост што жените, како жени, можат да ги изведуваат.297 Неправеден е кон Крафорд, бидејќи одбива да ѝ го признае внимателно негуваниот и променлив стил на женско отелотворение и да се занимава со него, како и нејзиното комплексно справување со женствениот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Односно – а ова можеби е поентата и на едното и на другото толкување – тешко е да се согледа како може обете тврдења да бидат вистинити, освен ако поентата и на едното и на другото е дека Џоан Крафорд воопшто не е никаква жена, дека претставува машки геј-идентитет и дека, без разлика на тоа што не изгледа така, е геј-маж во дрег.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тешко е да се согледа како може Џоан Крафорд истовремено да биде и жена буч и дрег-кралица, ем да нема женственост ем да има хиперизведба на женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму преку идентификување со женственост која е истовремено гламурозна и абјектна, геј-мажите се во состојба да го измешаат нагорно подвижниот естетски стремеж со етичкото срамнување на општествените разлики.
Тука женственоста, како во случајот со италијанските вдовици од Фајер Ајленд, на геј-мажите им функционира како еден вид заменски идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи дури и гламурозните жени, како што забележал Џон Клам, се жени од стрипови – кои изразуваат само делови од жените, аспекти на женственоста преувеличени до степен на бизарност – и бидејќи во женственоста има нешто изведбено и вештачко, исклучителната женствена гламурозност никогаш не е далеку од карикатуралност.
Колку е поизразена и посложена женственоста, толку е позгодна за пародија и толку повеќе води до губење на достоинството, до пад од сериозноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, додека треба извесна досетливост за да се искомбинираат гламурозноста и абјектноста (или гламурот и хуморот) во случајот со мажите – бидејќи претставуваат темелен, категоричен расед, поларност меѓу добри и лоши, благородни и долни, мажествени и женствени, сериозни и несериозни мажи – гламурозноста и абјектноста лесно се совпаѓаат кај жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)