Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И вдовецот копнеел по женска топлина или по мајка на своите две деца во последен миг спасени од огнот на запалената куќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)