А потоа, како улога што е спротивна од карактерот на актерот, а со тоа и тешка, голтнатото срце се исполни со љубов кон ближниот, како со желудочен сок при варењето.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)