желен (прид.) - за (предл.)

Го видов како падна врз најскриената соба, позади амбарите полни со жито, па ги погоди трепките, желни за уште сон, на прабаба ми, на најизмачената старица...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од лицето ѝ зрачеше младешка убавина недопрена и немилувана, но стасана и желна за првиот грев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш љубопитен и желен за нови сознанија ги распрашуваше твоите пациенти за многу работи и од нив учеше и собираше информации и знаења, за земјоделието, за ловот, за риболовот, за науката и што ли не друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Крив ли е некој, сакат ли, лажго ли е натемаго, валкан, никаквик, мурто, или човек што за образот и честа не води многу сметка, за ибн Пајко беа небаре само чеда господови желни за прошка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Своеглава и желна за дружба. За жал, се подаде на современите пороци. Сите го сторивме тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Крилата ѝ се заморија, очите ѝ се склопуваа желни за сон, но длабоко под неа беше море, над неа небо и немаше каде да почине.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Му кинеле меса и му клавале в уста: „На, јади, отруј се од своето месо! му велеле, кога толку си желен за труење“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)