железен (прид.) - лост (имн.)

Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не само тој: другите имале чекани и железни лостови, алат за камен и орудие или оружје за дојденци со мирис на пресни гробови во косите и во брадите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби за првпат со голема јасност заклучив дека сум целосно затворен: дворот ми е опашан со висока авлија, портата залостена со железен лост, а влезната врата ставена под тешка клучалка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа доаѓал мигот кога дното на тркалото се одвојувало од закоравеноста со железни лостови, претпазливо, со точна сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ударите на нивните чекани густо јачеле со безживотност на напукнати ѕвона. Површината околу линијата се ронела парченце по парченце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само дали ќе најдам шајка да му заковам на едниот крај и така да можам да го потфатам со неа тој железниот лост однатре и да го поттргнам нагоре, да ги откачам железните лостови...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)