жежок (прид.) - ден (имн.)

Јас и ти, вистинско време за страст, од жештината ни се лепат усните и после допирите се чувствуваат капки пот по вжарените тела, а импресионистичкото менување на светлината ги открива нашите интимни тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ритамот на ресторанските оркестри на далечните отворени тераси го полнеше свежиот воздух на градот, разбуден по целодневниот дремеж на жешкиот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се сеќавам на тоа лето, на прошетките по брегот на медитеранот, на жешките денови кога во далечината освен синилото на морето, таму некаде се појавуваше и фатаморганата на тој совршен момент.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде е диво и се живее во самиот амбиент на природата, со нејзиниот воздух, со немирното море и со постојаните ветришта кои во овие летни жешки дни го палат лицето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, триесет години подоцна, пак во еден априлски жежок ден, некое зло се имаше насобрано околу државниот парламент.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)