ефективен (прид.) - директен (прид.)

Токму затоа и „Ленка“ ги охрабрува незадоволните работници да покажат храброст, самопожртвуваност и активизам, па самите тие да иницираат формирање на свои борбени, бескомпромисни и автономни синдикални организации – бидејќи токму синдикализмот е најделотворната и светски проверена метода на работничка борба против самоволието на моќните работодавачи!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, вистинските ангажирани и автономни „синдикати без лидери“ треба да се обидуваат да бидат што е можно повеќе хоризонтално и непосредно демократски организирани, па преку ефективни директни, ненасилни, непоколебливи и кохерентни акции, како и преку индивидуални лични примери достојни за почит, да го мотивираат своето членство, а и неодлучните работници – и на тој начин да работат на остварување на своите агенди во корист на работништвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали воопшто треба да потсетуваме дека круцијалните права за кои работниците и работничките се изборија низ историјата (правото на осумчасовно работно време, правото на платен одмор, правото на штрајк и многу други) се остварени по пат на радикални судири на синдикалните, социјално освестени групи со газдите и државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)