Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од сево ова нужно се извлекува заклучок којшто на прв поглед може да изгледа парадоксално, но е клучен: во денешно време поимот за утопија доживеа потполн пресврт - утописката енергија веќе не е насочена кон општеството без држава, туку кон државата без нација, држава којашто не би била заснована на етнички заедници и територија, па така едновремено значи и кон држава без 156 okno.mk територија, кон едно сосема артифициелно устројство на начела и авторитети коешто ќе ја пресече папочната врвка на етничкото потекло, локалната припадност и вкоренетост.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Она што се случува во Босна е непосредна последица на распадот на авторитетот на државата или нејзино подредување во однос на натпреварот меѓу етничките заедници - она што во Босна недостасува е единствена државна власт издигната над етничките судири.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Пред малку, на една географска карта на Македонија се обидов да ја видам оддалеченоста меѓу Скопје и Тетово, како што се истакнува главното место на немирите. Педесет километри. Па тоа е малку!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)