есенски (прид.) - дожд (имн.)

А и на Крстета не му беше утодно да се шета сам по село кога почнаа да паѓаат есенските дождови и кога членовите од неговиот „алабак табури" тргнаа на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И токму настапија првите есенски дождови и лапавици, ги наполни аскер сите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И првиот збор со затечените селани, жени, деца во куќите им беше: — Сик дишери, бе анасени ана, ѓаурлар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истиот ден дојде сопственикот од куќата да праша дали ќе биде таа покриена пред да започнат есенските дождови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чекорев кон својата куќа со некоја трага, потивка и понеизвесна од есенскиот дожд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никој ништо не истражувал и не докажувал. Лесново можело да има уште едно име - Заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак од првото пролетно сонце до есенските дождови луѓето го гледале каменот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Правиме колекција од амблеми...“ се прчеше Љупчо пред новиот другар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Заврна ситен есенски дожд. „Некаде да се засолниме“, предложив. „Мајкин, ќе се истопи. Шеќерче!“ ми се сврте со подбив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„И ти велам, другар, јуначишта. Изведовме успешна акција: еден ауди, еден опел и три фиќовци. Еден москвич ни избега.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ете, денес ние ќе го залиеме дрвцето, а потоа - есенските дождови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А можеби чекаат есенските дождови да заврнат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Од есенските дождови и слана ќе падне листот, па ќе извршиме есенско кроење и заштита на коренот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Плуснаа првите есенски дождови и лапавици. Жолтите лисја паѓаа по земјата и ја постилаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога истураат есенски дождови, бронзените чевли се водени: сите вклучуваат дождомери, а бронзените чевли остануваат љубомери.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мала Богородица беше замината и фатија дождови. Некои рани есенски дождови врнат. Секиден, ко за инает. 167
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)