есенски (прид.) - ден (имн.)

Кога есенските денови застудеа, дедо Иван слезе со ќерка си во визбата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пријавете ме кај мудурот!35) - Зошто? - праша стражарот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во таквиот есенски ден, пред портата од битолскиот затвор, застана убав пајтон. Од пајтонот скокна богато облечен човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но, трговците не попуштаат, и војната дури во есенските дни стивнува, зиме речиси се смирува, за да се распали повторно во летните дни, кога на пазарот пак се појавува сладоледот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
БЕШЕ убав и топол есенски ден кога од Солун тргнав кон Кавала по цариградскиот пат низ кој, уште на тргнување, минуваа многу автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа своето предавање на тема „Заштита на приватноста на индивидуата со аспекти на релаксација на психолошките трауми од страв за можна репресија во наши услови” го смести во средината на ноември, во еден врнежлив, студен, депресивен есенски ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Учителот додека деновите беа убави, наставата ја држеше надвор, во природа; но кога зафатија дождливите и студените есенски денови, бараше да му се ослободат училниците за да продолжи внатре, но командантот му викаше: - Какво школо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кришум, со непозната љубопитност на селски безработници во касни есенски дни, го гледаа оддалеку и не му приоѓа, го сметаа, баре некои, за мрднат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)