Ако си се родил со машки гениталии, вели логиката, ќе се однесуваш на машки начини, ќе посакуваш жени, ќе посакуваш женствени жени, ќе ги посакуваш само нив, ќе имаш секс на активни и продирачки начини што се сметаат за нормални и во рамките на официјално пропишани контексти, ќе се сметаш за хетеросексуалец, ќе се идентификуваш со други хетеросексуалци, ќе веруваш во супериорноста на хетеросексуалноста, колку и да сакаш да бидеш толерантен, и никогаш нема да смениш ниеден дел од овој пакет од детството до староста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Систем на норми е тоа, на крајот на краиштата, а не емпириски опис на општественото постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, хетеросексуалноста е назив за систем на норми што оди многу подалеку од релативно безопасната практика на сексуални односи меѓу мажи и жени.
„Стекнатата мудрост, во стрејт-културата“, како што ја опишува Мајкл Ворнер,
е дека сите нејзини различни норми се подредуваат, дека една е синонимна со другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Укажува дека „родовите норми, (еротските) норми насочени кон објектот, нормите на сексуалната практика и нормите на субјективната идентификација“ се конгруентни и стабилни.462 „Ако во нешто отклонуваш од оваа програма“, додава Ворнер, „за тоа плаќаш сопствена цена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хетеросексуалноста честопати е назив за целиот тој пакет, иако наклонетоста кон другиот пол е само еден елемент.461
Овој систем на норми можеби не опишува како, всушност, се однесуваат луѓето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)