Тие се полни со бес и можат да дојдат до вашата банковна сметка по електронски пат - барем така тврдат Св. Витус и Кид Талидомајд во натписот на Џули Канигли во „Градски информатор” (City pages) од Минеаполис. илустрација: L'ora del Fuco
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доставувањето на писмената на адвокати се врши по електронски пат, во електронско сандаче [т.е. преку e-mail адреса].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работниот однос заснован со договор за вработување на определе- но време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот, под ус- лови и на начин утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник може да се склучи до враќање на привремено отсутниот работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)