експлозивен (прид.) - фитил (имн.)

Се случуваше по неколку птици во исто време да се фатат и настануваше тогаш едно општо прпелкање и скокање на птиците што личеше на шиштење од експлозивен фитил кој едноподруго активира мали мини.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој не ги прими со благодарност, туку со навреда што му ги враќаат неупотребени карбитните конзерви со експлозивен фитил, можеби очекувајќи дека од неспортскиот улов ќе добие дел со кој ќе може да се пофали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)