Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Види Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 237. 17 Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 6. 22 Во деветнаесеттиот и дваесеттиот век, границите имаа повидлива улога на политички и економски разделници (и како означувачи на колонијалните аспирации на европските империи и, за време на Студената Војна, на антагонизираните светски системи).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)