Ангсоцот, кој израсна од поранешното Социјалистичко движење и ја наследи неговата фразеологија, ја оствари, всушност, главната одредба од социјалистичката програма; со резултат, однапред предвиден и со намера, да се овековечи економската нееднаквост меѓу луѓето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие ја овозможуваат опозицијата меѓу ние и тие, го создаваат нашиот свет, нашиот суверен простор и нашиот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од економска гледна точка, границите овозможуваат меѓународна поделба на трудот на глобално ниво, т.е. тие се механизам кој се користи да се регулира глобалната распределеност на производните фактори, на тој начин намерно зголемувајќи ја и зајакнувајќи ја економската нееднаквост.35 Тие создаваат разлика во понудата и во квалитетот на факторите на производството.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како такви, тие играат бројни функции: разликување, регулација, поврзување; тие се социјални простори кои произведуваат односи на моќ; служат како основа за економска нееднаквост и исклученост, како и размена; тие се и структури и симболи на државната безбедност и суверенитет; тие се ентитети кои создаваат и пренесуваат значење, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ова само ни говори дека да бидеш „вработен“ во РМ не е исто што и тоа да водиш „нормален“ живот, ослободен од стресот за тоа како ќе го преживееш месецот. 6 И додека нашите „научници“ и професори по трудово право, завиени во својот кабинетски конформизам, ги зафати некој чуден транзициско-зимски сон и, во таа нивна интелектуална хиберна- ција, се бавеа со прилично несуштински и чисто номиналистички правни прашања 7 – видни експерти во светот, наѕирајќи го овој лошотилак кој така отворено пропагира социјална неправда и економска нееднаквост меѓу населението, почнаа аргументирано, организирано и систематски, дел по дел, да го раскринкуваат не- олибералистичкиот новоговор во сферата на оваа научна област, кој под превезот на некаква „флексибилност на работната сила“ доведе до драстично кратење [намалување], проследено со пара- лелно кршење [непочитување] на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)