Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сето тоа било направено со една единствена цел, да не се дозволи повторното обединување на македонскиот народ и да се оневозможи реставрација на политичката и економската моќ на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но една хиерархија на вредноста не повлекува општествена хиерархија и економска повластеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не ти требаат пари за да имаш вкус и не ти требаат многу пари за да го задоволиш (иако ти требаат колку-толку).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако некаква аристократија на вкусот можеби претставува елита, таа се разликува од традиционалните аристократии по тоа што не се воспоставува ниту врз основа на општествената моќ ниту врз основа на економската моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Глобалниот град се појавува како нова граница, гранична зона (како простор создаден од дисконтинуитетите, во кој дисконтинуитетите добиваат терен наместо да останат линија на разграничување) што резултира во создавање на нова топографија на централност и маргиналност, „којашто ги надминува националните граници и старата поделба на Север-Југ“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Популарната култура наводно претставува најголема закана за општеството; меѓу другото е наводно виновна за тоа што младината сѐ помалку чита и станува сѐ поглупава.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако популарната култура во педесеттите години презриво ја споредуваа со “средновековно лудило”, таа сега станува нешто навистина опасно: конкуренција што ја слабее и ја загрозува политичката и економската моќ на водечките медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)