езеро (прид.) - бран (имн.)

Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Често пати силните езерски бранови ја поместуваа границата па повеќе не може да се знае каде беше едната, а каде другата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе молчат и молкома им ја пренесуваат на рожбите светоста на Плаошник и миризбите на тревките од Галичица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И во селоно Канео, рибарско село до самоти езерски бранови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)