Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Работодавачот корисник треба да обезбеди еднаков пристап на отстапените агенциски работници 69 Закон за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, Сл. весник на РМ., 145/2010. 80 до обуките предвидени за вработените кај работодавачот корисник, заради подобрување на нивните знаења и способности за вработување и напредувањето во работата. (чл. 3-г од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се пропишува и дека секој граѓанин независно од полот има право на еднаков пристап до вработување без какви било ограничувања, согласно со законскиот принцип на еднаков третман. (чл.3 ст.5) Во вториот дел од овој закон, се усвојуваат низа мерки за воспоставување на еднакви можности помеѓу жените и мажите, кои може да бидат основни и посебни.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)