Според измените, доброволната писмена изјава се поднесува еднаш годишно, најдоцна до 31 август (по стекнат стаж од 64 години за мажи, односно 20 Согласно одредбите од Уставот на РМ (1991), Законот за спречување и заштита од дискриминација (2010) и Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012) забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот и социјалната сигурност и секоја директна или индиректна дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
79 Закон за еднакви можности на жените и мажите (Д.Л.)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Новиот закон за еднакви можности на жените и мажите е донесен во 2012 година71 и со неговото носење престанува да важи Законот за еднакви можности на мажите и жените од 2006 година.72 Законот за еднакви можности на жените и мажите има вкупно 45 члена поделени во 7 делови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Единствената измена на овој закон од 2014 година е од чисто техничка природа и не навлегува позначајно во сферата на заштитата на работничките права и еднаквите можности на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено казните кои се предвидуваат во стариот закон се движат помеѓу 3.000 и 5.000 евра во денарска противвредност, додека пак во новиот закон истите се движат помеѓу 400 и 1.000 евра во денарска противвредност. 71 Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 06/12.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 66/06. 73 Закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 166/14. 72 83 Во овој закон се посветува определено внимание и на трудовоправната и социјална димензија на прашањето за еднакви можности на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено, според чл. 1 ст. 2 од законот, социјалната заштита, економијата, работните односи и вработувањето, се земени како прашања од интерес за еднаквите можности на мажите и жените.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беа додадени и два нови става кои ги тангираа правата на вработените со договор за вработување на определено време, при што работодавачот е должен да ги информира овие работници за слободните работни места на неопределено време преку објава на видно место во своите простории 28 како би осигурал дека сите би имале еднаква можност да конкурираат за односното (испразнето или новоотворено) работно место, како и да обезбеди олеснет пристап на овие работници до соодветните можности за обука, развој на кариерата и професионалната мобилност (чл. 9 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Притоа кај Собранието на Р. Македонија (Комисијата за еднакви можности на жените и мажите), органите на државната управа, министерството за труд и социјална политика и единиците на локалната самоуправа е изречно наведена нивната должност да соработуваат со здруженијата на работодавачите, синдикатот, невладините организации и здруженија активни на полето на еднаквите можности со цел да обезбедат предлози и мерки за постигнување на целта на овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во овој период, кој е дел од оваа трудово-правна анализа (20102014), овој Закон има претрпено само една измена и тоа во 2014 година.73 Целта на овој закон е воспоставување во пракса на еднаквите можности на жените и мажите во политичката, економската, социјалната, образовната, културната, здравствената, граѓанската и која било друга област од општествениот живот. (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Устав на РМ (1991), Закон за работни односи (Сл.весник на РМ, 62/05), Кривичен законик (Сл. весник на РМ, 37/96), Закон за безбедност и здравје при работа (Сл.весник на РМ, 92/07), Закон за еднакви можности на жените и мажите (Сл.весник на РМ, 06/12), Закон за спречување и заштита од дискриминација (Сл.весник на РМ, 50/10), како и во Колективните договори. 76 87 менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во новиот закон, за разлика од стариот, се пропишува точен рок од 30 дена од приемот на Мислењето во кој лицето кое го прекршило правото на еднакви можности е должно да ја отстрани повредата на правото, што е позитивна промена во однос на стариот закон каде не се пропишува точно определен рок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Овде треба да се земе во предвид дека вработените во овие сектори се традиционално од женски пол и се подзаборавени еднаквите можности и целта на овој закон кога станува збор за уживање на привилегиите од законот за минимална плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се пропишува и дека секој граѓанин независно од полот има право на еднаков пристап до вработување без какви било ограничувања, согласно со законскиот принцип на еднаков третман. (чл.3 ст.5) Во вториот дел од овој закон, се усвојуваат низа мерки за воспоставување на еднакви можности помеѓу жените и мажите, кои може да бидат основни и посебни.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со овој закон се уредуваат основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, надлежностите, задачите и обврските на одговорните субјекти за обезбедување на еднакви можности, постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите, правата и должностите на застапникот за еднакви можности на жените и мажите, како и правата и обврските на субјектите кои учествуваат во постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законот за еднакви можности на жените и мажите (ЗЕМЖМ) за прв пат е донесен во 2006 година 1 и е изменет еднаш, во 2008 година. 2
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измената и дополнувањето од 2008 година се зголемуваат па- ричните казни за постапување спротивно на одредбите од овој закон, од 100.000 до 200.000 денари на 3.000 до 5.000 евра (околу 185.000 до 300.500 денари) за одговорните лица во органите на законодавната, извршната и судската власт, јавните установи, политичките партии и здруженија на граѓани кои нема да достават периодични планови за унапредување еднаквите можности и нема да ги обезбеди 1. Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 66/06. 2. Закон за измени и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажи- те, Сл. весник на РМ, 117/08. 131 бараните информации до застапникот (чл. 4, ЗИДЗЕМЖМ).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Зголемени се и казните, од 10.000 до 15.000 денари на 1.500 до 2.000 евра (околу 92.000 до 123.000 денари) за оние кои нема да назначат координатор за еднакви можности во органите на локалната самоуправа (чл. 4 и 5, ЗИДЗЕМЖМ). Останатите измени и дополнувања се од техничка природа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)