единствен (прид.) - и (сврз.)

- Да. Црквата треба да биде имено Едина и Соборна, а не српска, грчка и бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И уште многу ситни работи, кои лежеа на дното од ковчегот - единственото и најголемо нејзино богатство кое таа љубоморно го пазеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Радикализирајќи ја тезата што Монтескје ја изнесе во Духот на законот („Многу нешта владеат со луѓето: поднебјето, верата, законите, начелата на владеењето, примерите од поминатите случки, обичаите и навиките, што сѐ влијае на општиот дух што оттаму произлегува“), Хердер тврди дека нациите на Земјата - како најбогатите така и оние најсиромашните - ги краси единствен и незаменлив начин на живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зајакот остана неподвижен. Се чувствуваше како во тој миг да скинал некој единствен и прекрасен цвет од таа ноќ; од тоа дури и раката му потреперуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
7. На луѓето коишто чувствуваат дека им е грабнат нивниот сопствен социјален идентитет, прафашизмот им доделува една единствена и најчеста привилегија: дека се родени во иста земја. Тоа е извор на национализмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не пропуштаме да отпочиниме во единствениот и изненадувачки прекрасно уреден ресторан со хотел и голема тераса со поглед на езерото, домаќинлак на невообичаено љубезните Коста и Вера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)