Како да ја изгуби неговиот живот единствената смисла со единствената возбуда.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но крајната цел им остануваше како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали настапува фрагментаризирање или цепкање на она што умот порано можеше да го опфати како некоја форма на единствена смисла?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Живеел аскетски, а единствена смисла на своето живеење наоѓал во борбата за ослободување на Македонија и за тоа бил готов да го даде својот живот секој погоден момент.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И оваа визија на ослободување ја има својата единствена смисла во уништувањето на карпата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Но повеќето мајки се грижат за своите деца,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имам сретнато жени за кои единствена смисла на животот била да станат мајки, и жени кои станале мајки не затоа што сакале, туку затоа што немале друг избор освен да влезат во брак и да родат деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)