Жена му, научена молчаливо да поднесува сѐ во оваа куќа, нема со кого да си ги сподели своите сомневања и немири, својата тага и својот страв за единствениот син.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бидувајќи прв и единствен син на татка си Павлета, Пајкота, го провикале ибн Пајко, син на Пајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бајко ковачот, влезен во дефтерот со брата си Јована и жена си Марија, со единствениот син Петрета, без снаа и внуци, со еден вол и две говеда, со петнаесет овци, четири свињи, лозје и нешто земја - плаќаше данок три перпери.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тргна по удолнината и, кога стигна на раздрумот, пред неа излезе Кузе - сега еден од чуварите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ти немој мене да ме учиш што е стрниште! - строго ѝ подвикна Кузе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се оддалечи и од својот единствен син Бургиба Јуниор, од бракот со Французинката Матилда Лорен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)