Кога се враќаше дома доцна навечер по веќе темните улици на градот, се чувствуваше како градот во кој живее да му е единствениот пријател и партнер во неговите планови за следниот ден, за кои секогаш размислуваше одејќи кон дома.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие Тие се неверни Сега јас сум твојот единствен пријател Тие Тие ќе се неверни Јас секогаш сум таму Ја знаеше песната, го знаеше тој ЦД.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Само езерските бранови, старите семејни бранови, ми беа единствените пријатели во просторот, само тие ме водеа кон среќните архипелази на некогашното постоење на овие простори.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во себе кришум веројатно разговараш со птиците единствените пријатели на поетите, што пролетуваат реки полиња гори (само птиците ја паметат исчезнатата Атлантида опколена со откраднатото море на поетите)
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)