единствен (прид.) - примерок (имн.)

Изгледа јас сум единствениот примерок кој дозволува животот да го води, посакав да му речам на Денко Самоников, но веднаш сфатив дека ќе прозвучи како извинение за нешто што не го бев сторил, или ќе биде протолкувано како обид за утеха.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Климент Камилски слушаше за прв пат во земјата мислење за својата книга на животот, која во неговата родна земја беше забранета и единствениот примерок од Универзитетската библиотека беше предаден во полицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој потем, сосема бавно, театрално, ја извади од својата фиока мојата песнарка на маса; на очите ми навреа солзи: делото на моите раце, единствениот примерок на мојата душа, оригиналот што ѝ го подарив на мојата Луција, сега се наоѓаше во влакнестите раце на Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)