Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И конечно, поенатата: „Ќе го преземам рабинското место на Солун на Лаг Баомер15 во 5683 (1933) година и се надевам дека ќе бидам рабин кој ќе воспостави брак помеѓу Евреите од Истокот и Евреите од Западот, кој ќе ги обедини во единствена нација на Израилот, за благосостојба на нејзиното духовно постоење и напредок, како во егзил така и во земјата Израелска”. 16
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ридот Цион е мајката на Израил, Ерусалим е центарот на светот, можеби е ова времето кога вековно прогонетите, страдната дијаспора, вековно расеаниот Израил конечно ќе се врати кон матицата, барем духовно обединет околу неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Луѓето паѓаа безживотни по улиците на градот, а на небото страшно кричеа крилестите сили што веќе го запоседнаа целиот свод и глеадаа одгоре во несреќниците што не можеа да најдат засолниште зашто и во земуниците ги стигаа студените погледи на ангелите со сиви крилја кои ги кутнуваа на земја, без здив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)