единствен (прид.) - наследство (имн.)

Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Цел живот копнеев да воспоставам едно рамновесие низ љубовта да израснува јазикот на мојот народ како надеж, како вера дека она што доаѓа е вистинското по кое копнееле оние кои како единствено наследство ни го оставиле - јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Цел живот копнеев песната да се сврти само кон љубовта. И кон страдањата, се разбира.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)