единствен (прид.) - миг (имн.)

Тоа е миг кога не постои веќе ни минато – ни идно; тоа е единствен миг кога човекот постои сосема сам: тој и – мракот спроти него.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стана без да му даде да го здивне, начекувајќи го во единствениот миг од тој ден, кога тој немаше во себе доста сила за сѐ, што требаше притоа да стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие единствени мигови на животот се проверуваше висти­ната за верувањето во длабината на битието, се довику­ва­ше Бог, се веруваше дека човекот ја чувствува душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идеше кон него, како виулица, начекувајќи го во единствениот миг, кога тој не беше сосема спремен да го пресретне и тоа беше една можност, со која што оној се ползуваше, а тоа беше нешто, што си беше сосема во правина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)