Камилски го чекаше во својата библиотека целиот потонат во книгите, ѕиркаше од некоја барикада од нив, како да беше се престорил и самиот во книга, со животот во неа колку да може да се прелистува како единствена книга.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Може да се рече дека со оваа своја единствена книга таа долги години ја одржуваше рамнотежата со сите други Таткови книги, од разни времиња, со различни писма.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога го забележа Татко, се крена од книжната барикада, се извиши како господар на книгите, небаре наредувајќи им да му се поклонат на драгиот гостин.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)