Отпорот кон него ни налага да се зафатиме со него, да најдеме во него вредност и да измислиме можности за самоафирмација во ограничените, но многу стварни можности што ни ги става на располагање, во кои спаѓаат можностите за манипулирање со него, за негова пренамена, негово предоговарање, преозначување и изопачување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, сепак можеме да ѝ се опираме на својата општествена позиционираност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој идентитет, на крајот на краиштата, е единствениот идентитет што го имаме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, машката геј-желба, всушност, содржи калеидоскопски спектар на настрани копнеења – ќефови и доживување и задоволства и емоции – кои ги надминуваат границите на некаков единствен идентитет и се протегаат подалеку од особеностите на машкото геј-постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А најнепосредниот начин на кој геј-мажите можат да му пркосат на општественото понижување и на кој можеме да си ја заземеме субјективната дејственост не е со одрекување на нашата абјектност и со стремеж да ја надминеме, туку ако активно ја запоседнеме – ако го усвоиме омразениот општествен идентитет што ни е припишан.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)