Оти човечката душа е единствениот дом на неговото битие и нема таква поплава што тој дом ќе го однесе, или земјотрес што ќе го срамни, и нема таков оган што ќе го изгори, оти во тој дом живеат оние нешта што се направени од тули кои никогаш нема да се сронат пред забот на времето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Молчев. Тој долго гледаше во мене, а потоа, со наредба во гласот, рече: „Доаѓаш со мене.“ „Останувам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој стар скитник умре токму таму каде што сакаше - во единствениот дом што му значеше нешто.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Немаш друго место на кое можеш да одиш. Тоа е твојот единствен дом. И да не сакаш, мораш да се вратиш таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)