единствен (прид.) - грижа (имн.)

И Татко и Камилски, без дополнително да се договорат и да ги сообразат своите истражувања за новите зборови од листата, сега трагаа и по позитивното што можеа да го донесат зборовите со однапред пропишана негативна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Единствена грижа му стана како да открие што е тоа што тие сакаат да им признае и потоа да го признае брзо, пред мачењето одново да почне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во однос на нивниот живот истакнува дека е многу едноставен и нивна единствена грижа била да обезбедат доволно храна за да се задоволат себеси и своите фамилии преку зимата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пискулиев никогаш во животот и не помислувал дека ќе се најде во ваков капан, зашто тој имаше основа да го смета ова место не за мирни граѓани што си ја гледаат работата и единствената грижа им е да си минат незабележано и никого да не настапат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)