И ако тоа, еден ден
го поднесе жилетот на сеќавањето
под којшто ги подаваат своите обрастени образи
нејзините први и единствени години, и на крв спремни
тогаш повеќе нема да се работи за детство
но за некој обработлива површина
за предмет на разговор или поетско градиво.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)