Adonai Господ, едно од имињата на единствениот Бог. Според еврејската традиција, божјите имиња се седум на број: El, Elohim, Adonai, JHVH, Eh’yeh-Asher-Eh’yeh, Shaddai i Tzevaot Aggadah традиционална еврејска литература, посебно коментари, афоризми и легенди произлезени од Талмудот Arur Haman!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Подигањето пагански храм во внатрешноста на поранешниот Храм на Адонај, единствениот бог на Мојсеј, на Давид, на Соломон, на Макаби, на сите рабини, верници и покорници и на Елеазар бен Цви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го гледа мудриот и достоинствен Соломон како разговара со двата Хирама, кралот Хирам од блиското кралство кој му помага во зафатот да изгради Храм на единствениот бог, го гледа како поминува со машката рака врз маслинестата свила од бедрата на кралицата од Саба, потем и карванот со нејзините дарови испратени за Ерусалим, го гледа мудриот крал како се советува со вториот Хирам, вештиот мајстор на бронзарските работи со кои е преукрасен Храмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Hannukah обнова или повторна препосветување; осумдневен празник посветен на победата на јудаизмот и изгонот на хеленистичкото паганство од ерусалимскиот храм; победа на Јуда Макавеецот врз Антиох Епифан со повторната посвета на храмот и олтарот кон едиствениот Бог на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
B’nai B’rith Синови за Заветот, најстара еврејска организација за служба на заедницата што континуирано дејствува Beis Midrash, Beit Hamidrash Дом на верско учење и молитва Бет-Лехемска капија капијата на Ерусалимскиот ѕид што води од и кон Витлеем (Бет-Лехем) или Куќа на лебот, родното место на Исус Caal каал, молитвен центар, синоним и за синагога Casamentera шпански и ладино израз за проводаџика
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, тие луѓе не можеле да се откажат од своите стари верувања, од своето семитско многубоштво, а секој што ќе се откажел од вербата во новиот Бог бил казнуван, по Мојсеева наредба, од неговите блиски приврзаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка Амелија ја погледнала милозливо и рекла: „Ќе бидеме среќни да ја примиме Ервехе во нашето училиште. Сите ни се мили, пред единствениот бог.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)