единствен (прид.) - тој (зам.)

Како и Хаџи Ташку и Тимон е Влав, но дека во цел Прилеп единствен тој знаеше да шие европејски алишта, а сите Акиноски така се облекуваат, европејски, пријателуваат со него, делејќи ги Власите на погани и добри, то ест на продадени на Грците и на Турците и на Власи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се сретнаа неколку пати на чешмата на срецело и тоа беше причина, и охрабрување, да дојде Десимир дома кај Јанческите и да побара игла и конец, божем за да си сошие некоја откината петлица на шинелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)