еден (прид.) - обичен (прид.)

Ти донесов и еден обичен компир – та дури од Македонија каде што сега садат норвешки сорти компири што се двојно поголеми од нашите а велат дека и полесно се варат и пореж се печат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Патот се прошири и за една минута Винстон стигна до изгазената патека за која му зборуваше девојката, една обична добиточна патека што се губеше меѓу шибјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесена над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)