еден (прид.) - кус (прид.)

Додека јас не можам да сфатам што е тоа може да предизвикува потсмев во друштвото во кое се наоѓам, луминозноста на мојата стварност како да секна за еден кус миг во кој нешто се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вратата се отвори со тресок. Младиот офицер влезе и застана настрана, а зад него се појави еден кус набиен стражар, со огромни раце и раменици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никаков, освен еден кус поглед и една единствена двосмислена забелешка: освен тоа не постоеше ништо друго, туку само неговите сопствени тајни надежи засновани на еден сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)