еден (прид.) - ноќ (имн.)

И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Една ноќ, кога Маја цврсто спиеше, црнокосата кукла се искраде од нејзината прегратка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Од старост или од жал по стопанот, во една ноќ пцовиса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му, сипаничавата Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како што спомена во една ноќ мртва птица и китка гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Учениците, што дошле пред мене, знаеја веќе многу: една ноќ пред тоа некој го украл автоматот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„А знаеле ли зошто е богочетец?“ И одговори: „Заради своите дедовци.“ ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле тројца и во една ноќ грабнале од три села три најубави девојки, ги изврзале со улари и појаси и ноќе, преку планини и далеку од населби, села и селца, му ги однеле на некој паша, скопски или солунски, никој веќе не паметел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стихувај ме тихо, велиш ти од другата страна на заменките глаголите се ту повратни, ту неповратни бирај со кого и на кој начин ги сложуваш времињата и ги менуваш (за една ноќ) именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една ноќ, помеѓу два сона, го заварив татко ми на триножец крај прозорчето. Или беше привид?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)