еден (прид.) - збор (имн.)

Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој марифет и Бегот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едни зборови веднаш потонуваат на дното на сеќавањето, други зборови се препелкаат во виорите на стихијата, трети зборови се одмараат од преголема употреба.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јадрите, црни, насолзени очи благодарно погледаа во тетка Стана, а грлото така ѝ се стегна што не можеше да прозбори ниту еден збор.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Блазе си му на тој што ќе ми те земе, блазе! (Се приближува до Антица и тивко и поверливо): Ќе ти речам еден збор, ама жив ти што ти е најмило да не се чуе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лембик (Alembic), од арапски al-anbīq, алхемиски сад за дестилација, од којшто подоцна се развила ретортата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Натамошното постоење на еден збор зависеше од друг, трет, и така во бескрајна низа...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
L Никој жив не можеше да разбере што се случуваше длабоко, длабоко во душите на Татко и Камилски кога дојдоа речиси на полпат од нивната донкихотовска борба со османскотурските заемки во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Она што беше важно беа односите помеѓу поединците и еден сосем бескорисен гест, едно гушкање, една солза, еден збор кажан на човек на умирање, можеше да содржи вредност во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако веќе имаме еден збор како „ добар“, зошто ни е зборот „ лош“ ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше дури и еден збор за тоа во Новоговорот: се викаше тоа „лицопрестап.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Господ е власта. Но власта засега е само еден збор, барем кога си ти во прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како се роднини, пријатели? — Со еден збор Ристе праша за сите знајни и незнајни мажи, жени и деца од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со еден збор нѐ фрустрира.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најчудниот спомен од овој разговор беше испишаниот страв во очите на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Свесна за незгодата пред која ги ставив, побрзав да го напуштам апартманот и во мигот кога го минував прагот, човекот изговори еден збор кој имаше некаква врска со психоанализата или психијатријата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц Frјuѕ, mai 2001 Monsieur, Cela mа fat plaisir dаррrеndrе que vous avez pu quitter quelque temps vos soucis albanais et macedoniens pour la joyeuse ехubrаnсе napolitaine. Et des tudiаntѕ attentifs. Par association didеѕ, la Sicile tаnt proche de Naples, je me souviens tout coup dаvоir vu il y a peu, la tlviѕiоn, une brvе (trop brvе) miѕѕiоn sur une соmmunаut albanaise migrе en Sicile la suite de lоссuраtiоn ottomane au quinzimе ѕiсlе. On y рrѕеntаit, entre autres, de jeunes femmes dans des costumes de ftе qui tаiеnt vraiment dblоuiѕѕаntеѕ uvrеѕ dаrt. Les quelques lignes que vous mаvеz сritеѕ mоnt aussi un peu rаѕѕurе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со еден збор, молам да не се плашите од зборовите, значи денес, со еден збор, денес почнуваме да стреламе или да убиваме, значи вие ќе почнете да учите да убивате... ха-ха-ха, хе-хе-хе – се смее тој весело и гавресто му се тресат дебелите фаши месо под брадата, му потскокнува мевот врзан со стар, дебел офицерски појас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но тие поминуваат покрај привлечно уредени излози, па подзастануваат да ѕирнат, среќаваат кученца, па не можат лесно да ги одминат, си купуваат мастики, семки... Со еден збор, се влечкаат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Читам и купувам. Вистина, еден збор разбирам, еден не разбирам, ама ја фаќам некако смислата, толкувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почна да ме малтретира за да го погледнам и да му кажам барем еден збор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)