Го почувствувал едниот врв на младата цицка под дланка и се исплашил. Може ли, дали смее?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од нејзините гради се кренало збивтаво липање, но чудно и неконтролирано. Таа не можела да се чуе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)