Ти веројатно ќе ме исмееш но јас сепак ќе ти спомнам еден мој важен заклучок, а на ваков заклучок ме наведе спомнатата бура.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив, а до денес не сум го променил овој мој став: јас мислам дека бурата не е ништо друго туку забрзан начин на живеење на природата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зборував за една бура. А бурите се такви нешта што брзо поминуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)